Промена на учесниците на кошаркарскиот турнир во Истанбул

Од:

Турнирот на кој ќе земат учество македонските кошаркарски репрезентативни кадети доживеа мала промена откако дел од учесниците го откажаа своето учество. Националните селекции на Кувајт, ОАЕ и на Саудиска Арабија се повлекоа од учествување во овој меѓународен пријателски турнир кој од сабота ќе се одигра во Истанбул, а нивното место ќе го заземе екипата на Истанбул Баскет, информира МКФ.

Покрај Македонија и Истанбул Баскет на турнирот ќе учествуваат и Катар и Грузија.

Македонија првиот дуел на турнирот ќе го има на 22 јули (сабота) против Истанбул Баскет, ден подоцна (недела) ќе игра со Грузија, а в понеделник (24 јули) се среќава со Катар.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ