„Газпром“ ги зголеми испораките на гас за идните корисници на проектот „Турски поток“

Од:

Во перидот од 1 јануари до 15 јули годинава „Газпром“ ги зголеми испораките на гас во земјите, кои во иднина можат да бидат потрошувачи на енергенсот од проектот „Турски поток“, соопшти рускиот гасен гигант.

Како што јави ТАСС, испораките за Бугарија се зголемени за 12,6 проценти во однос на истиот период лани, за Турција за 22 отсто, за Унгарија за 26,6 проценти, за Србија за 47,9 отсто, а за Грција за 10 проценти.

Претходно беше соопштено дека за 6,5 месеци од почетокот на годината извозот на руски гас за земјите надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД) е зголемен за 11,3 милијарди метри кубни или за 12,3 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер, соопшти дека во 2016 година „Газпром“ ги зголемил испораките надвор од ЗНД за 12,5 проценти во однос на 2015 година до над 179,3 милијарди метри кубни гас, што е историски максимум. Во текот на оваа година извозот може да надмине 180 милијарди метри кубни гас.

На 7 мај „Газпром“ почна со изградбата на поморската делница од гасоводот, што оди од руското крајбрежје на Црно Море.

Проектот „Турски поток“ предвидува изградба на гасовод преку Црно Море до европскиот дел на Турција и потоа до границата со Грција. Поморскиот дел ќе биде со должина од 910 километри, а копнениот по турска територија од 180 километри. Првата линија на гасоводот ќе биде наменета за турскиот пазар, а втората за земјите од јужна и југоисточна Европа. Секоја траса ќе има капацитет од 15,75 милијарди метри кубни гас годишно. Вкупната вредност на проектот претходно се проценуваше на 11,4 милијарди евра, под услов да се изградат четири линии.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски