ЈП Водовод: Да не се кршат и оштетуваат јавните чешми

Од:

Да не се кршат, руинираат и оштетуваат јавните чешми на територијата на Град Скопје, а наводнувањето на зелените површини да се врши во вечерните часови, апелира ЈП Водовод и канализација.

Според претпријатието, последните примери на оштетувања се новите јавни чешми со тајмери.

– По притискање на тајмерот, тече вода одреден период и потоа запира. Се кршат тајмерите за водата да тече постојано, со што се намалува притисокот на водата на територијата на Градот. Лани беа набавени и поставени 55 вакви нови чешми со тајмери, токму поради зачувување на водата за пиење, а воедно и зголемување на притисокот во водоводната мрежа, стои во соопштението.

Според ЈП Водовод, освен што одзема време, постојаното поправање на јавните чешми троши и ресурси и парични средства кои може да се искористат за други работи во полза на граѓаните.

Во однос на зелените површини, со ЈП Паркови и зеленило е договорено да се наводнуваат во вечерните часови. – Апелираме тоа да го прават и граѓаните за во текот на денот да има нормален притисок на водата во водоводната мрежа, наведува ЈП Водовод и канализација.

Би можело да ве интересира

„Водовод и канализација“: Имаше варијација во водоснабдувањето поради прекини на струјата кај бунарите во Лепенец

Горан Наумовски

Пукна водоводна цевка во Влае, голем дел од Скопје беше без вода или со намален притисок

Горан Наумовски

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он