За два дена, по Полошките сообраќајници повредени 10 лица

Од:

Изминатите 48 часа, на поширокото тетовско-гостиварско подрачје се случиле 10 сообраќајни несреќи со исто толку повредени лица и со вкупна материјална штета од 535 илјади денари, информираат од СВР Тетово. Меѓу повредените, најбројни се сопатниците.

По анализите во СВР Тетово, констатираат дека овие несреќи учествувале и возила со странски регистарски таблици, сопственост или управувани од времено вработени во странство.

– Поради зачестените сообраќајни несреќи овој месец и особено последниве денови, апелираме до возачите непотребно да не брзаат и да ја прилагодат брзината според условите на патот, зашто тоа е најчестата причина за случените несреќи. Ова, подеднакво се однесува и на домашните возачи и на „печалбарите“, кои претежно управуваат силни и луксузни возила, вели Марјан Јосифоски, портпарол СВР Тетово.

Во овој дел на годината се вршат и засилени контроли по сообраќајниците, а според откриеното и понатаму висок е бројот на лица кои седнуваат зад волан без да ги исполнат условите за тоа.

– Само вчера на тетовско-гостиварското подрачје откриени се 10 лица без возачка дозвола, два возачи-почетници, пет нерегистрани и 15 погрешно паркирани возила, кои биле подигнати од овдешната „пајак-служба“, подвлекува Јосифоски.

Ваквите и други прекршоци санкционирани се со 30-тина прекршочни и речиси толку мандатни платни налози.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски