Утврдена висината на штетата врз поседите од априлските мразеви во Гевгелиско

Од:

Невремето што ја зафати општина Гевгелија на 22 април годинава предизвикало штети на земјоделските посеви во висина од 2,86 милиони денари, констатира во својот извештај Општинската комисија за проценка на штети по извршениот увид на терен.

Ниските температури и мразот најголеми штети предизвикале во атарите на селата Моин, Миравци, Давидово, Богородица и дел од градот Гевгелија каде што според оценката на комисијата на површина од околу 20 хектари мразот предизвикал измрзнување на овошните насади, лозјата и градинарските култури, на одделни површини дури и целосно.

Елаборатот за предизвиканите штети од априлските мразеви беше усвоен од Советот на општината со укажување од потребата за натамошно поттикнување на индивидуалните земјоделски производители за навремено оигурување на посевите. Советот заклучи елаборатот да биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, за натамошно постапување.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло