Без струја утре делови од општините Центар, Сопиште, Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров

Од:

Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Центар, Сопиште, Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров.

РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, соопшти дека утре во периодот од 08.30 до 5 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.„Филип Втори Македонски“, градилиште НБРМ, сендвичара кај МОБ, а во период од 8 до 15 часот, корисниците од ул.„Загребска“ од бр. 9 до бр. 17, како и Факултетот за Богословија во општина Центар.

Без електрична енергија утре во период од 09.30 до 10.30 часот ќе бидат дел од корисниците од ул.„Козара“ броевите од 1 до 10, ул.„Васил Ѓоргов“ броевите од 1 до 10 и дел на објектите на ул.„Бел Камен“ и ул.„Мајка Тереза“ во општина Центар, од 08.30 до 15 часот, корисниците од село Долно Соње поточно месноста Брзовец патот кон Говрлево во општина Сопиште, а од 9 до 15 часот, дел од ул.„553“ и дел од ул.„Виктор Иго“ во општина Кисела Вода.

Утре без електрична енергија во периодот од 9 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците од ул.„Никола Карев“ во општина Карпош, од 09.30 до 10.30 часот, дел од корисниците од ул.„Козара“ броевите од 1 до 10, ул.„Васил Ѓоргов“ броевите од 1 до 10 и дел на објектите на ул.„Бел Камен“ и ул.„Мајка Тереза“ во општина Центар, од 08.30 до 15 часот, корисниците од ОУ „Гоце Делчев“ во објектите околу училиштето, ул.„Горноврановска“ кај Два Брата и ул.„Божин Николов“ во општина Аеродром, а од 9 до 14 часот, дел од корисниците од ул.„Веле Марков“, дел од ул.„Воин Драшковиќ“ и дел од ул.„Ибе Паликуќа“ во општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја