Марија Пупоска од Струга е избрана за прва придружничка на MISS DEAF WORLD 2017, што се одржа завчера во Прага.
На изборот Пупоска ја претставуваше Македонија како член на Националниот сојуз на глуви и наглуви.
– Светот на тишината ја препозна македонската убавина. Марија Пупоска од Струга како претставничка на Македонија ја крунисаа како прва придружничка на MISS DEAF WORLD 2017, која со својата скромност и убавина ги освои срцата на годишниот избор од светски рамки, наведува Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија.