СВР Тетово: Засилени контроли за откривање и санкционирање на пукањето на свадби

Од:

По неколкуте случаи на ранување и повреди од огнено оружје, на тетовско-гостиварското подрачје, СВР Тетово денеска ги повтори апелите за воздржување од пукање и неовластено приредување на огномети и најави засилени контроли.

Апелите според портпаролот Марјан Јосифоски, доаѓаат во период кога во полн ек се свадбените и други семејни свечености на кои непосредно или посредно се случија и повредувања од огнено оружје.

– Пукањето е спротивно на Законот против јавниот ред и мир и глобата за овој вид прекршок се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Зависно од околностите и крајните последици, пукањето може да претставува и кривично дело за кое е предвидена и затворска казна од една до пет, односно десет години, подвлекува Јосифоски.

Од СВР Тетово, нагласуваат дека треба да се води сметка и да не се доведе во прашање безбедноста на животот на присутните при огранизрањето на семејните веселби.

– Сакаме уште еднаш да им укажеме на граѓаните од Полошкиот регион дека огнометите задолжително треба да ги пријавуваат во најблиските полициски станици или одделенија, на подрачјето на кое се организираат, а нивните организатори однапред да ги применат сите законски предвидени заштитни мерки, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово веќе ги засили контролните, превентивни и други активности за навремено откривање и санкционирање на свадбените и други нарушувања на јавниот ред и мир.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за Фрчкоски за злоупотреби во мисијата во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Со лажни мејлови од познати компании извлекуваат лични податоци, предупредување од МВР

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата