Надал има трема пред враќањето на теренот

Од:

По Полугодишно отсуство од терените, Рафаел Надал е подготвен за враќање, но долгата пауза оставила трага врз Шпанецот.

Моментално четвртиот тенисер на светот се наоѓа на само неколку дена од настапот на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

„Секогаш постојат одредени сомнежи што е нормално. Коленото е подобро, но се уште сум далеку од посакуваната форма. Постои некое чувство на страв, но верувам во себе и во своите доктори и се надевам дека се ќе помине во најдобар ред“ – изјави Надал кој поради повредата ги пропушти Олимписките игри, УС Опен и финалето во Дејвис купот.

„Свесен сум за можноста на стартот коленото да не реагира онака како што посакувам. Но, ќе одам чекор по чекор и во наредните три месеци нема премногу да се форсирам. Целта ми е да бидам подготвен за турнирите во Мајами и Индијан Велс кои се на програмата на почетокот од март, а врвната форма да ја достигнам на турнирот во Монте Карло“ – додава Шпанецот.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех