Хамонд: Бизнисот се воздржува од инвестирање во Британија поради Брегзит

Од:

Британскиот министер за финанси Филип Хамонд предупреди на идната неизвесност во инвестирањето во Велика Британија и на воздржаноста на бизнисот, поради британското излегување од ЕУ и неизвесностите што го следат тој процес.

– Таквата воздржаност е сосема очигледна и разбирлива. Бизнисот и инвеститорите чекаат да дознаат повеќе околу идните британско-европски односи, а особено како тие ќе бидат уредени, изјави Хамонд во Лондон.

Неговата изјава доаѓа по истражувањето на Конферацијата на британската индустрија (ЦБИ), според кое, 42 отсто од британските фирми веруваат дека Брегзит ќе им наштети на нивните бизнис планови.

ЦБИ и сугерираше на британската Влада побрзо да обезбеди договор за слободна трговија со ЕУ.

Хамонд открива дека Владата се повеќе станува уверена во потребата од уредување на еден „транзициски аранжман“ за да се намалат и да се амортизираат нарушувањата во бизнис секторот и посебно на биснис плановите, откако Велика Британија ќе излезе од Унијата.

– Пред пет недели, оваа идеја министрите ја означуваа како нов концепт, но сега речиси сите членови на Владата веруваат дека треба да се уреди еден период на транзиција, вели министерот за финансии Хамонд.

Според неговата замисла, тој период би траел неколку години, уверувајќи дека тоа решение е добро како за Велика Британија, за да не се случи земјата по Брегзит „да се движи по работ на амбисот’, но и за ЕУ.

„Тврдите“ брегзитери во Владата, меѓу кои е министерот за трговија Лијам Фокс порано се противеа на било каква транзиција, арогантно порачувајќи му на Брисел дека Велика Британија лесно ќе се справи сама и надвор од ЕУ, затоа што нејзините пријатели низ светот „чекаат да ги почнат со неа преговорите“ за трговија.

Фокс сега зборува дека транзицискиот период и е потребен на Велика Британија, но инсистира дека тоа ќе трае „кусо време“.

Овој британски мнистер вели дека периодот на транзиција ќе и помогне на Велика Британија да ги „прави новите трговски договори“ со светот, што сега не може, затоа што се уште е дел од царинската унија на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон