ТХП: Извештајот на Советот на јавните обвинители потврдува дека Турците не се доволно застапени во судскиот систем

Од:

„Партизацијата при изборот на јавните обвинители и непрофесиналната работа, односно политизираноста на Јавните обвинителства, се формираше Специјалното јавно обвинителство, кое е показател за состојбите во нашето судство.

Извештајот на Советот на јавните обвинители на Република Македонија не ја покажува вистинската слика во својата работа.

Основна законска надлежност на Советот на јавните обвинители на Република Македонија е да ги избира и разрешува јавните обвинители на сите нивоа. Но во последните години ниту еден турчин не е избран за обвинител.

Но, од друга страна извештајот на Советот на јавните обвинители на Република Македонија потврдува дека Турците во Р. Македонија не се застапени ниту во судскиот систем односно обвинителства.

Во Јавното обвинителство на Република Македонија во 2016 година вкупно се избрани 12 јавни обвинители од кои мажи 9,жени 3, а по национална припадност: 9 Македонци, 3 Албанци. Во градовите како Гостивар, Дебар, Кичево, Ресен, Штип, Радовиш турската заедница имајки кадри но и потреба, во ОЈО Гостивар, ВЈО Гостивар, ОЈО Дебар, ОЈО Ресен, ОЈО Кичево, ОЈО Штип, ОЈО Радовиш нема ниту еден Турчин обвинител. Исто така и во советот на јавните обвинители нема член од турската заедница.

Според извештајот на Советот на јавните обвинители, од вкупно 198 јавни обвинители само тројца се Турци. Што значи дека Турците се застапени само со %1,5. Овие податоци кои излегуваат од извештајот на Советот на јавните обвинители потврдуваат дека Советот на јавните обвинители на Р.Македонија кој и онака ја има изгубено довербата на јавноста, ја игнорира турската заедница“, се вели во соопштението на Партијата за движење на Турците (ТХП).

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска