ВИДЕО: Крвави протести во Аргентина

Од:

Две лица загинаа, десетици се повредени, меѓу кои повеќето полицајци, а околу 500 лица се уапсени во различни делови на Аргентина, каде протестите против политиката на претседателката Кристина Фернандез прераснаа во судири и ограбување на продавници.

Протестите, кои прераснаа во грабежи, почнаа уште во четвртокот во скијашкиот центар Барилоче, за потоа да се прошират кон градот Росарио, околните населени места, па дури и предградијата на престолнината Буенос Аирес.

На некои места полицијата беше принудена да користи гумени куршуми и гас – солзавец за да ги растера демонстрантите. Полициските претставници тврдат дека не се одговорни за смртта на двајца демонстранти.

Во повеќето градови, дел од демонстрантите насилно влегоа во продавниците на Карфур и Волмарт и започнаа да разграбаат наразличен вид стока, меѓу што и телевизори со рамен екран.

– Кога човек ќе види дека се изнесуваат такви телевизори, веднаш е јасно дека не станува збор за гладни луѓе, кои крадат за да се прехранат, рече гувернерот на провинцијата Буенос Аирес Даниел Шоли.

Според премиерот на Аргентина Хуан Мануел Абал Медина немирите се организирани од опозициските синдикати и не е случајно што се совпаѓаат со 11-годишнината од бурните протести и безредија, по кои на 20 декември 2001 година оставка даде тогашниот аргентински претседатеч Фернандо де ла Руа.

Опозициските синдикати демантираат дека поттикнувале или организирале слични протести и имаат намера да поднесат тужба за клевета.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ