Британската полиција официјално покрена обвиненија против тинејџер за серија напади со киселина во Лондон, а Владата разгледува дали воведувањето потешки казни би го спречила бранот напади со вакви хемикалии.
Лондонската полиција соопшти дека покренала 15 обвиненија против 16-годишното момче, вклучувајќи и за нанесување тешка телесна повреда. Тинејџерот, чие име не е соопштено поради возраста, беше уапсен откако на 13 јули пет лица беа нападнати во рок од 90 минути.
Според податоците на полицијата бројот на регистрираните напади со корозивни материјали во Лондон се зголемил од 261 во 2015 до 454 во 2016 година.
Началникот на Скотланд јард, Кресида Дик го означи нападот со киселина како „варварски“.
Таа истакна дека такви криминални дела се карактеристични за Карипските Острови и Јужна Америка, но за Велика Британија тоа е понова појава.
Владата размислува да ја зголеми максималната пресуда за нападот со киселина до доживотен затвор.