(ВИДЕО) Таравари: Од следната недела измени во Мој термин

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека уште од следната недела ќе има новитети во системот Мој термин- Новороденчињата ќе бидат заведени во матичната книга на родени уште истиот ден на раѓање, и ќе добијат Извод, како и календар на вакцини со препораки за мајката за следните неколку месеци.

„Се работи за една новост, кога ќе се роди детето уште во болница да се дава Извод на родени и препораки за мајките за следните неколку месеци…значи да не лутаат родителите по изводи, вакцини и други документи. Ова ќе биде првата новост од Мој термин“, најави министерот Таравари ,кој додаде дека овој новитет во здравството ќе се спроведе во соработка со МВР, а за што повеќе детали ќе соопштат во текот на следната недела.

Во однос на инспекциите од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Таравари посочи дека хигиената била лоцирана како најголем проблем во повеќето здравствени установи. Најлоша била состојбата на Гинекологија и во Штипската болница.

„Знаете Македонија е лидер во регионот за интрахоспитални инфекции и веќе се работи на идејно решение како да се поправи тоа. Можеби ќе ангажираме надворешни фирми, прво експериментално во две болници, на Гинекологија и во Гостивар ќе почне фирма што бесплатно ќе работи…и потоа ќе одлучиме дали тоа ќе се спроведе и на други клиники.“- изјави министерот.

За одредени болници Инспекторатот веќе имла и решенија и наскоро, како што кажа министерот Таравари, ќе излезат и со казни за менаџери, вработени итн.

Би можело да ве интересира

Прво да видиме во каква состојба се, па ќе донесеме одлука за модуларните болници, вели Таравари

Таравари: Одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана

Новата компресорска станица ќе биде готова за четири месеци, вели Таравари

Таравари: Села и Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција

СДСМ: Ако Мицкоски лаже сликите се јасни, еве ги активистите од настаните со црквата во Галате

Таравари по судската одлука: Партијата се враќа на своето членство

Горан Наумовски