Засилени активности на јавните претпријатија во пресрет на УЕФА Супер купот

Од:

Градот Скопје и јавните претпријатија интензивно работат на терен во пресрет на Супер купот на УЕФА, коишто ќе се одржи на Националната арена „Филип Втори“ на 8 август.

Во рамки на бројните активности за подготвување на теренот за одржувањето на фудбалскиот Супер Куп, јавните претпријатија работат на терен во рамките на нивните надлежности и ингеренции.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на терен на просторот околу Градскиот Парк и централното градско подрачје, на одржување на зеленилото и чистотата, чистење и одржување на Кејот на Реката Вардар, како и одржување и поставување на нова урбана опрема, во вид на клупи и корпи за отпадоци.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ работат на чистење и одржување на хигиената, каде изминативе денови интензивно со луѓе и механизација се чистеше просторот околу арената „Филип Втори“ и централното градско подрачје. На овие локации се работеше на расчистување на отпадот, чистење и рачно и машинско метење на улиците.

Од денеска засилени активности за чистење екипите на ЈП „Комунална хигиена“ се одвиваа и на плоштадите во центарот на Скопје, каде луѓе и механизација вршеа метење, миење и чистење на плоштадите.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он