Ивона Талевска останува без пасош и по одлуката на Апелациониот суд

Од:

Ивона Талевска и натаму нема да може да патува надвор од земјава, откако Апелациониот суд денеска ја одби нејзината жалба за мерките за претпазливост коишто ги одреди Кривичниот суд. Талевска која е обвинета за даночно затајување во случајот „Тифани“, останува без пасошот и со обврска секој понеделник во месецот да се јавува во судот.

Апелациониот суд ја потврди одлуката на Основниот суд Скопје 1, кој што навел дека одлуката за одземање на патната исправа е оправдана, бидејќи Талевска често патувала во странство и оти имало опасност од нејзино бегство.

Одбраната на Талевска образложувајќи ја жалбата пред Апелациониот суд наведе дека одземањето на пасошот на Талевска е тенденциозно, и дека нејзе и е потребен со оглед дека често патува зашто е заменик главен уредник на Сител.

Талевска е обвинета во случајот „Тифани“ дека преку своите две фирми „Смарт центар“ и „Смарт груп“ од 2008 до 2014 година затаила данок во износ од 44,5 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Ивона Талевска ги вратила парите за затаен данок, судот ѝ го врати пасошот

Ана Ололовска

Апелациониот суд ја потврди условната затворска казна за Ивона Талеска

Наум Локоски

Почнува судењето против Ивона Талевска за затајување данок

Ана Ололовска

Ивона Талевска утре на суд за затајување данок

Наум Локоски

На Ивона Талевска ќе ѝ се суди за затајување данок, судот го одобри обвинението за „Тифани“

Ана Ололовска

Одбраната на Ивона Талевска: Ако не патува, таа нема да може да го исплати кредитот за стан

Ана Ололовска