Поранешниот директор на Неврохирургија осомничен за поткуп, криел девизи и накит

Од:

Единицата за економски и компјутерски кримнал при секторот за внатрешки работи во Скопје вчера поднела кривична пријава против А.Ч. (57), поранешен директор на Клиниката за неврохирургија во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ поради постоење основи на соменине за сторено кривично дело „Противправно стекнување и прикривање имот“.

По преземените мерки и активности од страна на единицата било утврдено дека пријавениот во периодот од 2007. до 2017. година, спротивно на законот, не ја пријавувал својата имотна состојба во Државната комисија за спречување на корупција, а се стекнал со значителен износ на парични средства, недвижен имот и монети од благороден метал.

Од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал, која што постапувала по наредби на судот и јавното обвинителство, било извршено отворање на сеф во банка, земен под закуп од страна на пријавениот, а таму биле пронајдени 199.000 денари, 18.300 американски долари, 21.900 швајцарски франци, 1.500 фунти, 50 бугарски лева, како и паричник со 19 монети од благороден метал и накит. Пријавениот немал докази за потеклото на овие средства и предмети.

Од извршениот увид во Агенцијата за катастар било утврдено дека А.Ч. располагал со шест имотни листа за недвижен имот на подрачјето на Скопје, како и со еден имотен лист за недвижен имот во Гоствар.

А.Ч. во мај годинава беше пријавен за примање поткуп и при извршен претрес во неговата работна канцеларија беа пронајдени и одземени вкупно 24.890 евра, 4,477 американски долари, 2.250 швајцарски франци, 65 австралиски долари, 170 хрватски куни, 60 бугарски лева и 4.700 денари, додека при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени вкупно 9.750 евра и 10.000 денари.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он