Шведската железничка компанија СЈ им нуди на своите патници користење биометриски чип вграден во рака наместо класични билети и со тоа станува прва компанија за патувања што користи таква иновативна метода.
Малиот чип функционира на ист начин како и бесконтактни банкарски картички за да им се овозможи на кондуктерите скенирање на раката. Но, проектот се применува само на оние кои веќе имаат биометриски имплант.
СЈ не нуди чипирање на луѓе.
Речиси 2.000 Швеѓани моментно имаат имплант, а најголем број од нив работат во технолошката индустрија.
Во СЈ очекуваат 200 луѓе да го преземат микрочипот, но сите мора да бидат регистрирани како членови на програма на верност. Патниците купуваат билети на вообичаен начин, со пријава на интернет или преку мобилна апликација, а нивниот членски број е поврзан со чипот.