Скопјанец физички нападнал и од дома ја бркал својата мајка

Од:

Скопјанецот Р.С. (41) вчера физички ја нападнал и ја бркал од дома својата мајка Р.С. (67), која се здобила со телесни повреди.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека околу 09,00 часот, во Скопје на ул.„Мелничка“, Р.С.(67) била физички нападната од нејзиниот син О.С.(41), кој со дрво ја удирал во пределот на телото и ја бркал од дома. Р.С. успеала да избега и побарала лекарска помош во болницата „Св.Наум Охридски“, каде и се констатирани телесни повреди, по што настанот го пријавила во Полициска станица Чаир. Таа напоменала дека и пред околу еден месец имала пријавено семејно насилство.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски