Презентирани дел од активностите на проектот за интегрирано образование „Учиме заедно“

Од:

Подигнување на свеста меѓу учениците, наставниците и директорите на училиштата, но и на лицата кои работат во Министерството за образование за концептот на интегирано образование, е целта на проектот „Учиме заедно“, чии завршни активности од неговата прва компонента во наставни активности беа денеска презентирани. Проектот е спроведен од Министерството за образование и наука, а е финансиран од Амбасадата на Норвешка.

На презентацијата на дел од активностите на проектот присуствуваше министерот за образование и наука Панче Кралев, кој рече дека активностите од проектот за интегрирано образование биле мост преку кој повеќе од 6.000 ученици и над 100 наставници од различни етнички заедници имале можност за меѓусебни средби и запознавање, спонтана и слободна комуникација, меѓусебна соработка и дружење.

– Кампот на мултикултурата, мулти-култи екскурзиите и ликовниот карван без еден природен и спонтан начин и за наставниците и за учениците да можат да ги споделат своите искуства и да научат да ги почитуваат другите без оглед на нивната етничка, верска или социјална припадност. Младите имаат клучна улога во градењето на сопствената иднина и иднината на нивната земја, рече Кралев.

Стратегијата за интегрирано образование на Владата, посочи тој, беше првиот важен чекор во решавањето на некои од предизвиците со кои се соочуваа заедниците во земјата.

– Оваа стратегија ја покажа посветеноста на Владата и нејзините напори интегрираното образование да помогне сите деца од оваа земја, без оглед на нивната етничка и верска припадност, или културното и социјално потекло, да добијат квалитетно образование кое ќе го промовира почитувањето на различностите и ќе обезбеди стабилна средина во која се практикува толерантноста, истакна Кралев.

Заменик-министерот Сафет Незири рече дека целта на проектот е зближување на децата од разни етнички средини и надминување на предрасудите.

Координаторот на проектот Игор Николоски рече дека проектот почнал да се реализира во март годинава, а ќе трае до март 2013 година. Вклучени се над 70 училишта на територијата на Македонија во околу 25 општини. Тој истакна дека во тек се активности поврзани со средните стручни училишта и додаде оти развиваат програми со елементи на интегрирано образование и обуки за директори, наставници кои работат во такви средини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура