Наумоски: Од вас се бара само борбеност на терен и желба за победа

Од:

По двомечот со Словачка, македонските кошаркарски репрезентативци продолжуваат со подготовките за претквалификациите за СП 2019. Следува период со многу пријателски натпревари кои ќе му помогнат на селекторот Давитков да ја темпира формата и да ги одбере дванаесетте кои за 18 дена ќе ги бранат националните бои.

– Настрана тоа што се случи во Словачка, вие сега морате да се посветите на периодот што следи. Од вас сакам да видам борба на теренот, сакам мотивација и желба за игра и за победа. Не сакам да видам предавање од самиот старт. Од мене и од федерацијата секогаш ќе имате поддршка, без оглед на се, во мене имате пријател и тука сум ви за се што ви треба, им се обрати претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски на репрезентативците пред денешниот тренинг.

Утре (15 јули) Македонија играме против Бугарија. Натпреварот ќе биде одигран во „VIP арената“ при спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот и 30 минути.
Влезот за овој дуел ќе биде бесплатен.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос