Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски избори четвртфинале на фјучрсот во Телави, Грузија што се игра за награден фонд од 15.000 долари.
Јотовски во второто коло за два и пол часа игра го совлада рускиот тенисер Кристијан Лозан со 2-1, по сетови 1:6, 7:6 и 6:1.
Во четвртфиналето македонскиот тенисер претпладнево игра со Грузиецот Георги Цивадзе.