ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да го негира фактот дека кратат цели 1,5 милијарди денари од буџетот за образование

Од:

„СДС со ништо неможе да го негира фактот дека од буџетот наменет за образование кратат цели 1.5 милијарди денари.

СДС неможе да го негира фактот дека одвојуваат милиони за октоподи и други морски плодови, а од парите за изградба на ФИНКИ кратат цели 75 милиони денари.

Со овој непромислен потег СДС им нанесува директна штета на студентите и идните генерации на студенти кои имаат план да се образуваат на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

ВМРО-ДПМНЕ го отвори ФИНКИ и инвестира во него со цел создавање на една високо стручна научна институција од областа на информатичките науки и компкјутерското инжинерство.

ФИНКИ веднаш по своето формирање постави врвни стандарди во образовниот циклус на студентите.

СДС во текот на изборите преку своите гласноговорници кои ги лажеа младите како Стефан Богоев, Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ ветуваше мед и млеко за македонскиот образовен систем, подобри услови за студирање и образовна инфраструктура, за сега да веднат глава пред својот шеф Заев, кој парите ги пренаменува за скапа храна која треба да се најде на Владината трпеза.

СДС не води грижа за младите. СДС единствена грижа која ја води е за сопствениот комодитет“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование