Пакистан го призна Косово

Од:

Исламската Република Пакистан донесе одлука да го признане независно Косово, соопшти портпаролот на косовското министерство на надворешни работи Артан Бехрани.

– Добивме официјално известување за признавањето од Пакистан и во очекување сме на вербалната нота за тоа, изјави Бехрани.

Претставници на Владата на Косово имаа повеќе средби со претставници на Пакистан на кои е побарано признавање од страна на оваа држава.

Пакистан со ова стана 98 држава која го признава Косово, по прогласувањето на независноста во февруари 2008 година.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина