Владата ќе се залага за функционален Совет за соработка со граѓанскиот сектор

Од:

Генералниот секретар на Владата на Република Македонија Драги Рашковски, денеска имаше средба со две мрежи на граѓански организации, претставници на ИПА2 механизмот и на неформалната група од 89 организации, кои минатата година јавно реагираа и имаа забелешки на одделни решенија од одлуката за формирање на Совет за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, што го формираше претходната влада, соопшти владината прес-служба.

– На овој работен состанок беше потврдена заедничката заложба за функционален Совет за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, при што Владата ја презеде обврската сериозно да ги разгледа сите изнесени ставови и забелешки што ги изразија здруженијата на граѓани, се наведува во соопштението.

За таа цел, како што се додава во соопштението, преку инклузивните политики што Владата на Република Македонија ги спроведува, тој функционален Совет за соработка на Владата со граѓанскиот сектор ќе претставува еден од најважните механизми што ќе ги вклучи граѓанските организации како коректив и партнер на Владата во креирањето и спроведувањето на политики во интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски