Трајановски се сретна со сопственици на угостителски објекти од Скопје

Од:

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска се сретна со поголем број сопственици на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје за подобрување на забавниот живот и за понудата во главниот град.

– Целта на овие средби е сопствениците на угостителски објекти да ни дадат идеи како да се збогати забавниот живот во Град Скопје. Идеите ние ќе ги разгледаме заедно со тимот и со стручните лица и ќе дефинираме како тоа да го направиме. Целта е во август да понудиме одлична забава во Скопје зашто на 8 август ќе се одржи фудбалскиот Суперкуп, а од 7 до 12 август ќе се одржи и Скопскиот Пиволенд и од тогаш ќе почне големата забава во Скопје, истакна градоначалникот Трајановски.

Според него, сите тие што ќе останат во Скопје овој период, како и тие што дополнително ќе го посетат ќе бидат пречекани со многу забава и интересни содржини.

Хасан Даутовиќ од ресторанот „Austrian Palace“ во Старата скопска чаршија рече дека ги претставиле своите идеи и барања за подигнување на ноќниот живот во Скопје.

На средбата присуствуваа десетина сопственици на угостителски објекти од различни локации во Скопје, кои истакнаа дека имаат одлична соработка со Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош