Изгаснат пожарот околу депонијата кај село Никуштак

Од:

Кумановските пожарникари со две противпожарни возила успеале да го изгаснат пожарот околу депонијата кај село Никуштак кој избувнал во текот на вчерашниот ден.

Припадниците на теријторијалната противпожарна единица Куманово добиле повик за гаснење на отпад и сува трева и нискостелбеста шума околу депонијата во селото.

Огнот се проширил околу депонијата и поради движењето на ветрот почнал да се шири кон селото. По повик на мештаните, на терен излегле екипи на ТППЕ Куманово кои успеале да го ликвидираат пожарот околу депонијата и да спречат негово проширување на околните села, но поради количината на отпадот на самата депонија било невозможно да се изгаси целосно.

Како што информира командирот на ТТПЕ Куманово, Дејан Илиевски фирмата која има концесија за одржување на депонијата треба да интервенира со тешка механизација и да поткопа сметот, да се посипе со земја и да се задуши огнот во самата депнија.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче