ВИДЕО: „И јас сум ВМРО-вка, ама ова е лудо“, Дулиќ се информира за насловите во весниците

Од:

Во досега невидена атмосфера власта упорно тера со законодавно-правната комисија, опозицијата продолжи со пеењето на македонската химна, а претседателката Благородна Дулиќ се откажа од диригирањето на химната и почна исто како во текот на вчерашниот ден на Комисијата за финансирање и буџет, почна да чита што од повеќе од 1200-те амандмани прифатила власта.

Опозицијата довикуваше „Каде сте патриоти кога не ја почитувате химната?“.

Собраниската стенодактилографка се обидуваше во сето викање да запише што зборува Дулиќ. Во еден момент беше сменета од друга колешка, а Дулиќ продолжи да чита весник на чија насловна стои „И јас сум ВМРО-вка, ама ова е лудо“.

„Утре сите Илија ќе не спружи на насловна страница, тој е главен и одговорен уредник, а сега се крие зад полицијата“, рече Горан Мисоски. Побара Димовски да не ја држи за рака Дулиќ цело време и да ја остават бидејќи е жена во години.

Опозицијата укажуваше дека нелегитимно се држи седницата бидејќи нема преведувач на албански јазик.

Во салата знамиња, свирчиња, и натпревар кој од каде ќе донесе поголемо државно знаме.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

(ВИДЕО) Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра

Горан Наумовски