Словенија и Хрватска не успеаја да се договорат за граничниот спор во Пиранскиот залив

Од:

Хрватска и Словенија не успеаја да постигнат согласност за примена на одлуката на Меѓународниот арбитражен суд за нивниот долгогодишен граничен спор, што создаде тензии меѓу двете соседни земји, членки на Европската Унија, пренесоа американските медиуми.

Словенскиот премиер Миро Церар и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска за првпат се сретнаа откако Арбитражниот суд од Холандија на 29 јуни утврди дека три четвртини од спорниот Пирански залив на Јадранско Море и припаѓаат на Словенија, која со специјален акт доби и коридор преку хрватските територијални води кон меѓународните води.

Пленковиќ повтори дека Хрватска нема да ја применува одлуката на Арбитражниот суд и инсистира територијалните спорови да се решат меѓу двете држави.

Церар изјави дека за Словенија одлуката на Арбитражниот суд е „конечна и задолжителна“.

Хрватска и Словенија уште од 1991 година спорат за нивната заедничка поморска граница во Пиранскиот залив и заради овој спор Словенија имаше ставено вето за членството на Хрватска во ЕУ. Двете земји во 2009 година се согласија на арбитража, по што Словенија го повлече ветото.

Подоцна, меѓутоа, Хрватска се откажа од арбитражата, откако беше откреиено дека словенечки претставници лобирале меѓу судиите да донесат одлука во нивна корист.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик