Бројот на терористички напади во Западна Европа со жртви се зголеми минатата година и покрај намалување на бројот на атентати, се наведува во извештајот на Глобална база на податоци за тероризам (Global terrorism Datebase).
Според статистиката во 2016 година во Западна Европа имало 30 слични напади во кои имало смртни случаи, а во 2016 година – 23. Во 2014 година имало два напада, а во 2013 – пет.
Бројот на жртвите во терористичките напади постојано се зголемува и мво 2015 и 2016 година нивниот просечен број изнесувал 26,5 лица.
Најкрвав терористички напад беше во Париз во ноември 2015 година, при што загинаа 130 лица. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.