Претседателот на Собранието Џафери се сретна со амбасадорката на БиХ Бабиќ

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ.

За време на средбата, како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, Џафери истакнал дека двете земји заемно се поддржуваат на патот кон евроатлантските интеграции и се силно определени преку соработка во сите области – култура, образование, безбедност…, да дадат значаен придонес кон заедничкото интегрирање во ЕУ и олеснување на меѓусебната комуникација во сите сфери на општественото живеење.

Амбасадороката Бабиќ, стои во соопштението, на средбата главен акцент ставила на подобрување на парламентарната соработка меѓу двете страни и посебен осврт даде на значењето на неколку билатерални договори меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, кои се во завршна фаза и кои ќе придонесат за подобрување и олеснување на меѓусебната комуникација на двете земји, како и подобрување и интензивирање на економската соработка.

Претседателот на Собранието Џафери истакнал дека ќе се фокусира на парламентарната дипломатија, и во таа насока ќе се работи да се зајакнат директните комуникации на соработка на сите нивоа, со што ќе се придонесе за продлабочување на севкупните пријателски односи.

– Двајцата соговорници се согласија за неопходноста од понатамошна директна и пријателска комуникација меѓу двете страни и изразија надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, се посочува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање