Белорусија бара на заем 2 милијарди долари од Русија

Од:

Белорусија побарала уште две милијарди долари заем од Русија,од која од 2011 година веќе обезбеди 3,6 милијарди долари кредит, информираше денеска Александар Лукашенко, претседателот на Белорусија.

Тој посочи дека средствата ќе бидат наменети за модернизација на белоруските претпријатија, а од Москва добил уверување дека ќе се зголеми испораката на руска нафта за белоруските рафинерии од 21,5 тони на 23 милиони тони во 2013 година.

Инаку економијата на Белорусија се потпира на евтините руски енергенси и субвенции. Благодарениe на евтината руска нафта Белорусија во првата половина од годината го зголеми извозот на нафтени деривати за 40 проценти и со тоа ги зголеми своите девиозни резерви.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад