Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години попладневозаминува за Орадеа, Романија каде во наредниот период ќе настапува на Европското првенство (Дивизија Б).
Првиот собир, младинците го одржаа на 6 јуни и оттогаш селекторот Мирко Петрески работеше на темпирање на формата. Во рамки на подготвителниот период младинците одиграа шест пријателски натпревари – пет на домашен и еден на гостински терен. Двапати беше поразено Косово (82-72; 66-68), по еден пораз и победа е билансот со Полска (55-65 и 63-54) и потоа следеше двомеч со домаќинот на ова првенство, селекцијата на Романија. Првиот го доби Македонија (76-65), а вториот Ромаците.
Македонската репрезентација ќе биде дел од групата Ц заедно со Грузија, Малта, Албанија и со домаќинот Романија. Првите две селекции обезбедуваат пласман понатаму.
– Наш приоритет е да ја поминеме групата и тоа ќе се трудиме да го направиме иако воопшто нема да биде лесно. Имаме тешки противници, поготово мислам на Грузија и на домаќинот Романија. Во ваква ситуација, малку ни ја отежнува работата фактот дека имаме неколку повредени играчи, играчи на кои јас дефинитивно сметав за ова првенство. Ќе смогнеме сили и ќе го дадеме максимумот и што подобро да ја претставиме Македонија на Европското првенство, изјави селекторот Петрески.
Македонија првиот дуел на ЕП го игра на 15 јули против Албанија.