Владата донесе одлука за разрешување на членови на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија

Од:

На денешната седница Владата на Репулбика Македонија донесе одлука за разрешување на членови на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, јавните здравствени установи, јавните установи за социјална работа, агенции и други правни лица.

Како што информираа од Владата, оваа одлука е донесена со цел да спречат понатамошни штети по Буџетот на Република Македонија од неодговорното однесување на дел од членовите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, за кои постојат информации дека биле потпишувани штетни менаџерски договори и дека биле именувани луѓе на менаџерски позиции со надоместоци со астрономски износи.

Исто така, било одлучено да се отповикаат членови на комисии и членовите на секој надзорен одбор и одбори на директори од акционерските друштва во државна сопственост, а за Регулаторните тела да се достави предлог за разрешување на управните одбори до Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата