Македонската кошаркарска федерација и компанијата за трговија, снабдување и за дистрибуција на нафтени деривати ОКТА ја обновија соработката.
-Двете договорни страни го искажаа своето задоволство од меѓусебната соработка која веќе трае две години поради што неизбежно е обновување на истата. Македонската кошаркарска федерација сака да изрази особена благодарност до ОКТА за досегашната поддршка и искажаната доверба и се надева дека истата ќе продолжи и во иднина, соопшти МКФ.
Мнозинството од средствата од спонзорството од страна на компанијата ќе бидат исклучиво наменети за младинскиот погон за што побрз развој и напредок на истите.