Ирачкиот премиер прослави победа во Мосул

Од:

Ирачкиот премиер Хајдер ел Абади прослави со војниците победа во Мосул откако во рамки на 9-месечна офанзива беа протерани екстремисти од ИД од одделни последни упоришта на таа терористичка организација.

Ирачката Влада соопшти дека Ел Абади го посетил „ослободениот Мосул и им честитал на херојските борци“, но навестил дека ќе прогласи победа кога ќе биде ослободен и последниот дел од градот.

– Победата е извесна. Она што остана од Даеш (ИД) е опколено…само прашање на време е кога ќе прогласиме голема победа на нашиот народ, наведува Ел Абади во пишана изјава.

Тешки борби продолжуваат во делови од Стариот град на Мосул во близина на реката Тигар.

Ирачките сили со подршка од ВВС на чело со САД од октомври лани се бореа да го ослободат вториот по големина град во Ирак од ИД, која го зазеде во 2014 година. ИД сега има контрола врз територија помала од два километра во Мосул. Припадници на ИД користат цивили како човечки штит како и бомбаши самоубијци и снајперисти за напади.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак