Организаторот на првиот годишен Гренд слем турнир, Отвореното тениско првенство на Австралија официјално потврди дека од следната година се биде зголемен фондот на награди.
Победниците на машкиот и женскиот турнир ќе инкасираат по 2,43 милиони долари, но покрај освојувачите на првото место, поголеми парични награди добиваат и тенисерите кои предвреме ќе го завршат настапот во Мелбурн.
Според последната одлука, тенисерите кои ќе бидат елиминирани во првото коло ќе заработат 27.600 долари што е зголемување за 32,7 проценти. Пласманот во втората рунда носи награда од 45.000 долари, а настапот во третото коло ќе се награди со сума од 71.000 долари.
Со оваа одлука прифатено е барањето на тенисерите за зголемување на наградите пред се за оние кое настапот во Австралија ќе го завршат во првите кола од турнирот.