Ребалансот на Буџетот на владина седница

Од:

Владата на Република Македонија денеска на седница треба да го разгледа ребалансот на Буџетот за 2017 година.

Премиерот Зоран Заев рече дека очекува ребалансот да биде донесен во Собранието пред 2 август.

Според него, со ребалансот Владата ќе се обиде да реалоцира денар повеќе од непродуктивните трошења за поддршка на стопанството, плаќање на заостанатите обврски и подобрување на други, нови аспекти како што се капиталните проекти, бизнисот, новите работни места за младите,…

– Сакаме ребалансот да биде поставен на реални претпоставки, на точна проекција на приходите. Нашата интенција е да нема никакви кочења со оглед дека еден од проблемите досега беше тоа што Буџетот нереално се проектирал, информира министерот за финансии Драган Тевдовски.

Тој очекува прагматичен буџет, со истовремена можност за реформските приоритети.

Буџетот за 2017 година изгласан од претходната власт, како што посочи Тевдовски, има потреба од финансирање преку задолжување и на домашниот и на надворешниот пазар.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?