Јотовски поразен во четвртфиналето на фјучрсот во Грузија

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски загуби денеска во четвртфиналето на фјучрсот што се игра во грузискиот грда Телави. Поуспешен од Јотовски беше Гиљермо Оласо од Шпанија.

Мечот Оласо го доби со 2-0 во сетови, 7:5 во гемови во првиот сет и 6:1 во гемови во вториот сет.

Оласо од квалификациите успеа да се избори за настап на главниот турнир, но тој е тенисер што пред три години бил на 167.место на АТП листата, а ова за него е враќање на тениските терени по долга пауза.

Јотовски за пласманот во четвртфиналето ќе добие два поена, а воедно ќе го продолжи претстојот во Грузија бидејќи е пријавен за настап и на другите два фјучрс турнири.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ