Тринаесет години казна затвор доби Спасе Димовски и Зоран Манасков, а Томе Димовски доби 10-годишна затворска казна. Пет години затвор судот му одреди на Дејанче Андушов.
25-те соработници добија пониски казни. Оваа криминална група беше уапсена во меѓународната полициска акција позната како „Диригент“.
Тие беа обвиненети дека шверцувале наркотици од земјава во Австрија и Германија и дека переле пари. Велешката мафијашка група која оперираше во Виена и Франкфурт беше уапсена во декември лани.