Без струја утре делови од Центар, Карпош и Ѓорче Петров

Од:

Делови од општините Центар, Карпош и Ѓорче Петров утре во различни временски интервали ќе немаат струја, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи.

Повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, РЦУК информира дека струја ќе нема поради закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Од 10:30 до 15:30 часот без струја ќе остане булеварот „Климент Охридски“, кај Владата на РМ, од 08:30 до 14 часот дел од улиците „Дебарца и „Народни херои“, а од 08:30 до 09:30 часот улицата „Никола Тримпаре“ бр. 8 и бр.9, сите во општина Центар.

Од 08:30 до 11 без струја ќе бидат делови од улиците „Крсто Баиќ“, „Кукушка“ и нивната непосредна околина, како и делови од улиците „Јордан Хаџи-Константив Џинот“, „Ристо Шишков“ и „Аминта Трети“, во близина на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Во општина Карпош од 08:30 до 09:30 часот струја ќе немаат дел од корисниците на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и дел од улиците „Јуриј Гагарин -6“ и „Јуриј Гагарин-4“, додека од 9 до 14 часот делови од улиците „Нерешка“, „Жданец“, „Теодосиј Синаитски“.

Од 9 до 11 часот електрична енергија ќе нема во населбата „Усје“, над „Стаклара“ во општина Кисела Вода, а од 10 до 11:30 часот, дел од селото Никиштане во Општина Ѓорче Петров.

Од 12:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат објектите во поранешна „Кожарница“ и Македонски Железници – Локотерна Станица во општина Гази Баба, а од 10 до 14:30 часот улицата „Букурешка“ од бр. 31 до 57 во општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја