Шпанската полиција уапси 14 лица во Барселона, во рамките на операцијата против организираната криминална група Камора.
Како што соопшти шпанското Државно обвинителство, акцијата е спроведена во координација со германската и италијанската полиција и Европол. Станува збор за мафијашка група која се занимава со трговија со дрога и перење пари.
Според шпанската полиција, во акцијата во Барселона се уапсени десетмина Италијанци, Чилеанец, Колумбиец, Шпанец и еден државјанин на Венецуела.