Не поминаа барањата на опозицијата за Јавното обвинителство и за укинувањето на радиодифузната такса

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната собраниска седница побара точката за измени во Законот за јавно обвинителство да биде ставена како точка на дневен ред, бидејќи е по скратена постапка. Во спротивно најавија дека ќе го поднесат како предлог и во редовна процедура.

Предлогот на опозицијата да биде ставена на дневен ред точката за измени на Законот за јавно обвинителство е отфрлен. Гласаа 102 пратеници, од кои 60 гласа беа „против“, 41 гласа „за“, а еден од пратениците гласаше воздржано.

При образложението на предлогот Илија Димовски изјави дека „оваа влада нема да опстане, има тенко мнозинство и поради нереалните ветувања меѓу кои и Законот за употреба на јазици“.

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара по скратена постапка да биде разгледан предлог законот за укинување на радиодифузната такса. Во образложението на предлогот, Милошоски се повика на политичари од СДСМ, кои барале пред изборите укинување на оваа јавна давачка.

Предлогот беше одбиен. Гласаа 103 пратеници, од кои 62 беа против, а 41 гласаа „за“.

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски од 30 точка на дневниот ред е поместена како 5 точка.

Точката за информацијата за депонијата во Струга на предлог на опозицијата е прифатена со 104 гласа „за“ и е ставена како последна – 36-та точка на дневен ред.

Би можело да ве интересира

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет