Министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка изјави дека состојбата со бранот мигранти од Италија во моментот е стабилна, додавајќи дека ако се повтори 2015 година тогаш „веднаш ќе се дејствува“.
Меѓу Рим и Виена се зголемија дипломатските тензии откако австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил најави распоредување на армијата кон границата со Италија на преминот Бренер, како и дека може да уследи воведување на контрола на медиумите.
По изјавата на Доскоцил, Министерството за надворешнио работи на Италија го повика австрискиот амбасадор Рене Полицер на разговор.
Воведувањето на контрола на Бренер би имало тешки екононски последици за италијанската економија.
Соботка во интервју за виенскиот дневен весник „Естерајх“ изјави дека Министерството веќе три недели применува превентивни мерки.
– Австриската железница ОББ ќе воспостави посебен перон на езерото Бренер, со цел да можеме да ги контролираме возовите. Го замолив министерот за финансии за сто царинарници, а и армијата може да ја обезбеди границата со 750 војници. Сето тоа треба да и сигнализира на Италија дека на Бренер не смее да се повтори мигрантите неконтролирано да преминуваат или Италија да не ги регистрира, посочи Соботка.