Ал-Абади им честираше на ирачките војници на „големата победа“ во Мосул

Од:

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади им честиташе на ирачките борци на „големата победа во Мосул“, иако борбите и натаму траат во квартот Стар град, каде ирачката војска, на околу 250 метри од реката Тигар, се соочува со се побрутален отпор.

Ал-Абади честитатката до војската ја упати во текот на вчерашната прес конференција во Багдад, на помалку од една недела откако прогласи крај на самопрогласениот калифат на Исламска држава кога ирачките сили ја зазедоа значајната џамија Ал-Нури во Стариот град, пренесоа американските медиуми.

Ирачкиот премиер ова го кажа на тригодишнината од заклетвата на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, во џамијата Ал-Нури, каде го прогласи исламскиот калифат.

Ирачките сили во октомври ја почнаа операцијата за преземање на Мосул, вториот по големина ирачки град, што Исламска држава го зазеде во рок од неколку дена во 2014 година, потсетуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак