Политичкиот координатор на косовската Влада Блерим Шаља не ја исклучува можноста власта да се повлече од преговорите со Србија во Брисел, доколку платформата, која е предложена од српскиот претседател Томислав николиќ, биде прифатена како основа за решавање на косовскиот проблем, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.
Косовскиот премиер Хашим Тачи и неговиот српски колега Ивица Дачиќ треба да се сретнат во Брисел кон средината на следниот месец.
Шаља истакна дека предложената платформа од Белград повторно ја провоцира Приштина и тоа не се променило од 1998 година.
Според него, платформата е неуспешен обид да се смени правецот на дијалогот кој се води во Брисел.
– Овој документ е шлаканица за Кетрин Ештон, за Вашингтон, Брисел и Берлин, додаде Шаља.