Комитетот за односи меѓу заедниците ни по вториот обид не обезбеди кворум за да заземе став дали е потребен Бадентер за законот за здравствена задолжница. ДУИ не дојде, а ни дел од членовите од ВМРО-ДПМНЕ.
„Некој со ова го блокира работата на Собранието“, рече претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски.
„Кажете кој го блокира Комитетот, власта си игра мајтап со власта, цела опозиција беше, а не дојде ни еден од ДУИ. Не влезе ни Силвана Бонева за да не направи кворум. Седнете и договорете си ги игрите во коалицијата. Кој знае за што сега се пазарите“, рече Горан Мисовски од НСДП.
Трајко Вејланоски го прескокна гласањето за законот за здравствена задолжница.
Вчера ДУИ побара овој закон да се гласа со бадентер, а денеска не дојде ниту на седница на Комитетот, ниту пак за оваа точка влезе во собранискта сала.