Кошарка У-18: Македонија и се реваншира на Бугарија

Од:

Македонските кошаркарски репрезентативци до 18 години, им се реваншираа на врсниците од Бугарија за синоќешниот пораз. Денес во вториот пријателски дуел Македонија победи со 69:64.

Избраниците на селекторот Ѓорѓи Кочов до победата дојдоа со подобра игра во второто полувреме кое го добија со 46:28.

Младите кошаркари попладнево се враќаат во Скопје каде ќе продолжат со подготовките.

Следуваат уште два пријателски натпревари, против Австрија на гостински терен, пред настап на Европското првенство –Б Дивизија што ќе се одржи во Талин, Естонија од 28 јули до 6 август.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос