Дефект на трафостаница ги остави Гостивар и околината без струја повеќе од еден час

Од:

Дефект на трафостаницата и електричните постројки во населбата „шеста зона“ во Гостивар, која се случила претпладне, предизвика прекин на напојувањето со електрична енергија во градот и околните населби подрачје. По повеќе од еден час прекин во снабдувањето со струја, во поголемиот дел од градот состојбата е нормализирана.

Според информациите од ЕВН Македонија, дошло до пожар и експлозија на постројки и 110 киловолтната трафостаницата Гостивар 1, а дефектот настанал во делот со кој управува МЕПСО.

– Додека екипи на МЕПСО кои извршувале редовни работи на одржување на постројките и далноводот, дошло до експлозија пожар, кој набрзо е изгаснат. Заштитата реагирала и го прекинала напојувањето со електрична енергија подрачјето кое се снабдува преку оваа трафостаница. По интервенциите на ЕВН Македонија, по нешто повеќе по еден час, околу 11:30 часот состојбата е нормализирана и при тоа обезбедено е редовно снабдување, изјави портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачевски.

Во тек е постапка која треба да утврди како дошло до опожарувањето на електричните постројки и што го предизвикало дефектот.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар