Седница на Влада, во фокусот евроинтеграциите и работното време во државните институции

Од:

Владата на Република Македонија денеска напладне ќе ја одржи 12. седница на која ќе расправа за состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција на државата.

Членовите на Владата ќе расправаат и за користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, како и за статусот на реализација на приоритетите на Македонија за влез во НАТО и за статусот на реализација на Рамковниот договор.

На дневен ред на седницата се и повеќе точки меѓу кои и потребата за изменување на Националната стратегија и Акцискиот план за борба против тероризам, како и прашањето за утврдување распоред на работното време во Владата, министерствата и другите органи на државната управа.

На денешната седница ќе бидат разгледани и некои кадровски прашања и предлози од интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски